Фотографијата на шест месечно бебе кое го победи коронавирусот го обиколи светот: Лео внесе нова надеж!

После многуте тешки, тажни вести но и фотографии денеска најубавата вест и фотка пристигнуваат токму од Апенинскиот полуостров, кој моментално е најмногу погоден поради пандемијата на коронавирусот.

Откако една баба на возраст од 103 години успеа да го победи корона вирусот во Италија, шестмесечното бебе Леонард исто така излегло како победник во таа борба.
По 50 дена борба малечкиот Леонард е излечен од Ковид-19, а неговата фотографија го обиколи целиот свет.
Малиот Лео низ насмевка го исплазил јазикот и така јасно дал до знаење дека вирусот не му може ништо.


View this post on Instagram


#bentornato Leo. #neonato di #corbetta positivo al #coronavirus esce dall’#ospedale e torna a #casa #corbettacity lo applaude. #fermiamoloinsieme

A post shared by Marco Ballarini (@marco_ballarini75) on


„Ова не би ѝ го посакала на ниту една мајка. Кога доби зголемена телесна температура, знаев дека е болен, па срцето почна силно да ми чука. Мојот сопруг има колега кој што е болен од коронавирусот“ – изјавила мајката на ова дете.
„Денес имам причина за среќа и насмевка“ – изјавил градоначалникот на општината.

„Многу ти благодарам Лео. Им благодарам и на твоите родители кои што не се откажаа. Ти си нешто големо во срцата на сите жители на Корбета“ – додал тој во своето обраќање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …