Евровизија сепак ќе има и тоа на 16. мај, но од дома – еве ги деталите

Евровизијата која требаше годинава да се одржи во Ротердам е откажана поради пандемијата од коронавирусот, фановите на Евровизија сега ќе гледаат алтернативно телевизиско шоу, што значи дека сите пејачи ќе и се престават на публиката во Европа и светот.
Европската радиодифузна унија во соработка со холандскиот јавен сервис кој требаше да го организира годинешниот Избор за песна на Евровизија потврдија дека подготвуваат нова програма кој ќе биде емитуван на 16 мај, наместо откажаното финале на Евросонг.


На посебниот програм наречен „Eurovision: Europe Shine A Light“ ќе учествуваат претставници од 41 земја, но и неколку стари ученици на Евровизија кои на препознатливи места низ Европа ќе изведат познати хитови од Евросонг.
„На 16 мај ќе се обидеме да ја обединиме Европа во единствена телевизиска програма. Ги повикуваме сите земји учеснички кои сакале да испратат учесник на годинешниот Евросонг и другите членови на ЕБУ да ја емитуваат оваа емисија во духот на единството и заедништвото“, изјавил извршниот супервизор на Евросонг Јон Ола Санд.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фамилијарната комедија „Луси гангстерката“ синхронизирана на македонски и албански јазик во кината

Шарената фамилијарна комедија „Луси гангстерката“ во режија на Тил Ендеман, синхронизирана на македонски и албански …