(ФОТО) Зошто со нетрпение се очекува појавувањето на Месечината: Вечерва на небото ќе настане хаос – треба ли да стравуваме!?

Крвавата Месечина ќе предизвика најдолго затемнување во овој век. Во исто време, Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните петнаесет години и затоа ќе изгледа посветло од инаку…

Помрачувањето на Месечината или лунарна еклипса ќе се случи во ноќта од 27. јули на 28. јули и ќе биде најдолго затемнување во 21. век. Треба да трае еден час и 43. минути, а научниците велат дека тоа ќе биде највидливо во југоисточна Европа.
“Тоа е одлично! Ова е навистина извонредна и ретка можност да го видиме затемнувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два сјајни објекти и одлична можност за фотографите”, изјавил за Ројтерс Роберт Меси од Британското кралско астрономско друштво.


„Крвавата Месечина“ ќе имаме можност да ја видиме вечерва, 27. јули, од околу 20.30 до 00.30 часот, во зависност од местоположбата.
Помрачувањето ќе трае се’ додека Месечината е на една од најоддалечените точки од Земјата, па сенката ќе биде поголема отколку во текот на вообичаените затемнувања. Затоа, Месечината, поради ефектот познат како Рајлиева дисперзија (Rayleigh scattering), ќе изгледа особено црвено.
За оние суеверни, затемнувањето на Месечината сугерира апокалиптична катастрофа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …