(ФОТО) Заврши „Skopje Wine Expo”- досега најголема посетеност на винскиот фестивал

Со настап на Александра Јанева и Марко Логаут (Тоше Проески Трибјут), групата Ареа и Бијело Дугме Real Tribute, заврши винскиот фестивал „Skopje Wine Expo”. 

Оваа година фестивалот забележа рекордна посетеност со над 50 000 посетители во текот на трите фестивалски денови.  На плоштадот „Мајка Тереза“, полн до последно место се пиеше македонско вино од 11 големи и мали семејни винарии, во комбинација со гурмански деликатеси. На фестивалот настапија и Тропико Бенд, Слаткаристика, Криско, Нокаут, Графа, Ефто Пупиноски и други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …