(ФОТО) ХРАБАР ПИТ БУЛ умрел спасувајќи ги децата од отровна змија

Осуммесечен пит бул умрел во обидот да ги спаси децата на своите сопственици од змија.
Зеус е гризнат четири пати откако истрчал пред браќата Орли и Орион пред нивниот дом. Браќата не наслутувале дека им се приближува змија додека верното куче не скокнало пред нив за да ги спаси.
Семејството својот миленик веднаш го однело кај ветеринар, но кучето починало наредниот ден. Таткото Гери Ричардсон од округот Самтер во Флорида, Зеус го нарекол за најверно куче кое го знае и рекол дека нему му го должи животот на своите синови.
Гери се присетил на инцидентот кој се случил минатиот понеделник околу 6.15 часот. Вели дека Зеус лежел додека одеднаш не ги „ококорил очите“.
„Одеднаш, почна да ја напаѓа змијата која беше близу до мојот син“, рекол и додал дека ја фрлал наоколу при што таа го гризнала четири пати. Кога ја кренал главата која почнала да отекува, покрај кучето се видело безживотното тело на коралната змија.
Гери рекол дека тоа било „трауматично“ искуство бидејќи знаел дека нивниот сакан домашен миленик умира. Мама Георгина Ричардсон упатила видео повик до ветеринарот Гери и децата за да можат да разговараат со Зеус.
За жал, наредното утро Зеус умрел.
„Скршени сме, не можеме да објасниме колку. Го даде својот живот за да ги заштити нашите синови. Засекогаш сум му благодарна“, рекла Георгина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 13.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Солиден почеток на работната недела им претстои на Овните, па се очекува да …