(ФОТО) Заврши Dance OFF 2019 со над 2.700 учесници од 17 држави

Учесниците  на Гала вечерта на Dance OFF ги освоија срцата на публиката

Скопје викендот беше домаќин на најзабавниот и најинтересен меѓународен натпревар во танцување, Dance OFF. Истиот беше организиран во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ од страна на танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“. Оваа е 4-та година по ред од кога се одржува Dance OFF и во 2019 се почуствува дека беше исполнет со 4 пати повеќе енергија.


Dance OFF е во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и имаше над 2.700 учесници од 17 држави како Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. Најдоброто од викендот беше на Гала вечерта во неделата каде настапија 18-те финалисти од двата дена. Од нив првото место го освоикореографијата „Disconnected“, второто „Work hard, play hard“ и третото „Momma I hit a lick“.


„За следното издание очекувајте уште повеќе!“ порачаа организаторите Трајче Петковски и Илија Карадакоски пре присутните.

Главни покровители на самиот настан се Министерство за Култура и ЕСМ, а поддржувачи сеЕкотехна, Тав аеродроми, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …