(ФОТО) ЗАПИШАНА ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Најстарата жена на светот го прославила 118. роденден: „Планирам да бидам жива и здрава барем до 120!“

Таа гордо ја носи титулата најстара жива личност на светот
Кејн Танака, Јапонка, која според Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност, денес наполни 118 години.
Танака е родена на 2. јануари 1903. година и својот прекрасен ден го прослави во дом за стари лица во Фокуока, Јапонија, каде што живее во последните неколку години.

 


Таа го прослави својот роденден весело, плескајќи со рацете и не симнувајќи ја насмевката од лицето, а на новинарите им рече дека планира да биде жива и здрава барем до нејзиниот 120-ти роденден.
Таа е во одлична здравствена состојба, вежба секој ден, јаде три пати на ден, а во моментот и е жал само што не може да ги види своите најблиски на нејзиниот роденден, поради мерките за сузбивање на вирусот корона.


Фото: guinnessworldrecords.com


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на филмот „Мала Англија“ во Кинотека на Македонија започнува циклусот на проекции на грчки филмови со наслов „Запознавање“

Амбасадата на Грција во Македонија започнува циклус на проекции на грчки филмови со наслов „Запознавање/Getting …