(ФОТО) Во СЦ „Борис Трајковски” отворена Вип соблекувална за светските ѕвезди

Во СЦ „Борис Трајковски” изминатиот период беа реновирани сите соблекувални, но најинтересен новитет е што за првпат салата добива и Вип соблекувална, односно просторија каде што светските и регионални музички ѕвезди ќе можат да се опуштат пред и по концертите.


Први музичари кои беа гости во Вип соблекувалната се 2 Chellos, а во наредниот период таму ќе се опуштаат Здраво Чолиќ, Ерос Рамацоти, Лени Кравиц, Лепа Брена и многу други музички ѕвезди кои ќе настапат во Вип Арена „Борис Трајковски”.

Вип соблекувалната е градена по светски стандарди и се состои од една поголема просторија , каде што има фрижидер, телевизор и простор за седење, тоалет и неколку туш кабини. На Балканот, единствена Вип соба од ваков тип има само во белградска Арена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …