(ФОТО) Во Скопје светна новогодишната елка

Со вчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, а на настанот присуствуваше градоначалникот Шилегов.


– Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан. Драго ми е дека имаме многу присутни наши сограѓани и дечиња, што ја оправдува одлуката на градот да влеземе во една новогодишна атмосфера, онолку колку што можеме имајќи ја предвид пандемијата. Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија. Ги замолувам граѓаните коишто ќе бидат присутни на плоштадот, да се придржуваат кон правилата за однесување согласно протоколите, да уживаме во атмосефата којашто ја имаме, меѓутоа во исто време да мислиме и на сопственото здравје и на здравјето на нашите најмили, изјави градоначалникот Шилегов.


Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …