(ФОТО) Во Јужноафриканска република откриен нов сој на коронавирус

Јужноафриканската Република идентификувала нов вид на коронавирус што предизвикува втор бран на инфекции во таа земја, изјавил денеска јужноафриканскиот министер за здравство Звели Мкизе.

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека е во контакт со јужноафриканските експерти кои ја идентификувале новата варијанта. Додале дека засега нема индикации дека има промени во однесувањето на новиот вид на вирус.


„Нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КоВ-2 во оваа област, која во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2“, напиша Мкизе на Твитер, само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека пронашла и нова варијанта на ковида-19. .
Тој посочидека собраните докази силно сугерираат дека овој вид во Јужна Африка предизвикува втор бран пандемијата.


Во исто време, лекарите од Јужна Африка забележале дека епидемиолошката слика се менува и дека има сè повеќе млади пациенти кои развиваат тешка форма на болеста.
Сите индикации се дека „овој нов вид е носител на вториот бран низ кој поминуваме“, додал министерот.
Досега се пријавени над 900.000 инфекции со ковид-19 и 24.000 смртни случаи.

Во последните неколку дена, во таа земја се регистрираат околу 10.000 новоинфицирани лица секој ден, додека на почетокот на ноември, таа бројка била околу 1.200.
Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека е во контакт со јужноафрикански експерти кои ја идентификувале новата варијанта. Додале дека засега нема индикации дека има промени во однесувањето на новиот вид на вирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …