(ФОТО) Влатко, Дамјан и Златко ги рушат сите рекорди со концертите надвор од Македонија

Браќата Влатко и Златко Миладиновски, заедно со нивниот братучед, Дамјан Стојаноски, синот на Војо Стојаноски, од неодамна се на турнеја низ Австралија, која што беше најавена уште минатата година.
Сиднеј, Камбера, Перт, се само дел од градовите каде се одржуваат концерти, за кои не само организаторите, туку и публиката по социјалните мрежи коментира дека се едни од најпосетените изминативе неколку години, од било кој друг македонски пејач или група што настапува надвор од нашата земја.


За овој факт говорат и фотографиите и видеата кои секојдневно се објавуваат, а дел ги добивме и во нашата редакција.



„Навистина радува фактот што за првично закажаните концерти се бараше карта повеќе, па затоа се закажуваат и дополнителни концерти. Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна, ги негуваат не само евергрините, туку и новокомпонираните песни“, вели Влатко и додава:


„Ви благодариме и на вас како медиум што оваа убава информација ќе ја пренесете во нашата земја, за да се види и слушне колку се почитува нашата работа“.



Ова не е единствена турнеја на Влатко периодов. За потсетување, изминативе месеци тој одржа концерти во Швајцарија, Грција, Канада, Холандија, а го очекуваат уште гостувања периодов во многу земји каде живеат Македонци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …