(ВИДЕО+ФОТО) Адријана на чело на репрезентацијата: Беше љубов на животот на Тоше Проески – факт кој ќе ја следи цел живот!

Андријана била долгогодишна девојка на починатиот пејач. Години после неговата смрт Андријана се омажила за Јохан, угостител од Скопје, а парот следната година го добил синот Максим…
Андријана Будимир е прва жена на чело на машка репрезентација во македонија. Бившата ракометарка е именувана за селектор на У17 екипата.


View this post on Instagram

KO VERUJE,OSTVARUJE..


A post shared by Andrijana Budimir (@andrijana_budimir_official) on


Така Будимир испиша историски страници во македонскиот ракомет, а медиумите пишуваа дека Сојузот едногласно ја донел одлуката за нејзиното именување.

View this post on Instagram

Hefa u elementu!!!

A post shared by Andrijana Budimir (@andrijana_budimir_official) on

Андријана освен како бивша ракометарка ја знаеме и како девојка на трагично настраданата македонска и регионална ѕвезда, Тоше Проески. Како што велат неговите блиски, таа била љубов на неговиот живот.


Тоше почина во сообраќајна несреќа во 2007. година, на возраст од само 27. години. Неприлагодената брзина довела до тоа неговиот автомобил да удри во камион со приколка, се свртел на страна и залетал во лимот покрај патот. Тоше загинал на лице место, а наводно никој во автомобилот не бил врзан. Во автомобилот тогаш не била неговата девојка Андријана со која Тоше, наводно, планирал да се ожени, иако менаџерката му сугерирала дека тоа е лошо за кариерата, но…


Со Проески била во врска од 2001. до 2004. година, а врската ја обновиле три години подоцна, токму за неговиот роденден, на 25. јануари. После смртта на Тоше многу и пречело што морала да докажува дека биле во врска. Но, докажала и добила оштета по судски пат.

„Требаше на Тоше да му родиш дете, тоа требаше да биде ваша судбина“, коментирале многумина обожаватели кои и понатаму тагуваат по пејачот, но и за неговата врска со Андријана која на погребот на тогашниот дечко едвај успевала од болка да ги издржи сите обичаи.
Андријана за Јохан се омажила во 2013. година, а парот следната година го добил синот Максим (4).

View this post on Instagram

Muzic puzic!!!❤❤❤

A post shared by Andrijana Budimir (@andrijana_budimir_official) on

„Многу сум среќна и веќе сега предвидувам дека Максим ќе биде иден ракометар на клубот Металург и иден репрезентативец на нашата прекарсна држава“, изјавила Андријана после раѓањето на синот. Будимир има приватно школо за ракомет каде работела како тренер.


А сега, своите искуства од школото ќе ги користи на македонските ракометари до 17. години.

Извор: 24sata.hr
Фото: Instagram

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …