Фото вест: Забавата на Плоштад Македонија продолжува – прославете ги најголемите христијански празници во одлична атмосфера

Плоштад Македонија е центарот на сите новогодишни и празнични случувања во Скопје, а после неверојатниот дочек на Новата година, публиката е желна за уште повеќе забава и славење. Тимот од Комора на музичка индустрија тоа им го овозможува на најдобар можен начин, со богата музичка програма, најдобри водители и секако, со многу празнични дарувања.

За забавата на првиот ден од Новата година се погрижија Два Бона и Лозано, а 2024 не смее да започне без детска радост, па затоа повторно нѐ посети најдобриот Дедо Мраз со многу други детските маскоти.


Синоќа на сцената блеснаа „златните славјечиња” и со својата детска непосредност изнудија насмевка на сечие лице и ги украдоа сите аплаузи. Исто така, свои настапи имаа и Полина Тасева и и група Мјузаик.

Доколку сѐ уште не сте биле дел од празничната бајка, градот убав Ве кани да бидете негова публика во наредните денови и за најголемите христијански празници.


Забавата на Плоштад Македонија продолжува и понатаму со детската претстава од „Театар за деца и младинци”, со настапите на Теа Трајковска, Дупер и Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол, Телеком, Тинекс и Пелистерка подготвија празнична бајка во центарот на Скопје.


Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар, заедно да одбројуваме до Новата година и да создаваме спомени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …