(ФОТО) ВАКА ДЕНЕС ИЗГЛЕДА ГЛАВНИОТ ЗАВОДНИК ОД ТЕЛЕНОВЕЛИТЕ! Македонија го обожаваше, а сите зборуваа за неговиот РАЗВОД!

Актерот Цесар Евора беше дел од речиси сите мексикански сапуници кои се емитуваа во Македонија.
Кубанскиот актер Цесар Евора беше дел од речиси секоја мексиканска сапуница што се емитуваше во Македонија, а важеше за најголем заводник на теленовелите.

Прво ја воодушеви публиката во серијата „Диво срце“, а потоа и во сапуниците „Гушни ме цврсто“, „Помеѓу љубов и омраза“, „Маќеа“, „Проколната убавица“, „Бура“ и многу други. Ги глумеше Естебан Сан Роман, Дон Федерико Риверо, Октавио Виљареал и беше еден од ретките актери од мексиканските теленовели кои толку многу се истакнаа што дури и го запамтивме неговото вистинско име.



Иако завршил геофизика, неговиот животен пат тргнал во друга насока. Тој сакал да се занимава со истражување на нафта и минерали, додека не решил да се обиде на актерска аудиција, бидејќи од детството сакал да биде пред публиката и сакал да избегне воена служба. Потоа бил избран меѓу 500 кандидати, а набрзо се појавил во десет филмови во Куба.


После тоа, тој се преселил во Мексико со само 42 долари во паричникот. Таму почнал да глуми во сапунски опери, а набрзо станал една од најголемите ѕвезди во оваа земја благодарение на договорот со Televisa, а во 1999 година добива и мексиканско државјанство.


Неговиот емотивен живот исто така отсекогаш ја интригирал јавноста.
Иако бил оженет и ја имал ќерката Карла, кога ја напуштил Хавана, се заљубил во Вивијан Домингез и започнал врска со неа. Така се вратил во Куба за да се разведе, а потоа се вратил во Мексико и ја запросил Вивијан, со која и денес е во брак и има две деца. Цесар Евора не е љубител на социјалните мрежи, па неговите фотографии најчесто може да се најдат само на фан страниците.


Очигледно е дека актерот, за годините (ги има 64) не се променил многу.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …