(ФОТО) „УМИРАЛА ОД БОЛКИ“ мислејќи дека има камен во бубрегот: ОТИШЛА ВО БОЛНИЦА И ДОЖИВЕАЛА УШТЕ ПОГОЛЕМ шок!

Данет Глиц, од Јужна Дакота, немала поим дека е бремена претходните 34. седмици затоа што „никогаш немала утрински мачнини“.
Во агонија, таа отишла на лекар мислејќи дека ќе има операција на камен во бубрегот, но наместо тоа имала породување, опишувајќи го целото искуство како „апсолутно лудило“.
„Кога започна острата болка, мислев дека е камен во бубрег затоа што го имав порано“, вели Данет.
Лекарите мислеле дека Данет ќе добие близнаци, но таа добила тројка! Иако веќе имала две деца, воопшто немала поим дека е бремена.


Gepostet von Dannette Giltz am Freitag, 16. August 2019

„Никогаш не слушате дека тројките започнуваат природно, а камоли да ги носите 34. недели без знаење. Јас и моето семејство сè уште сме во шок“, рекла Данет.
Со согласност на нејзиниот сопруг Остин, таа на децата им ги дала имињата на Блез, Џипси и Ники.
Тие се родени на четири минути оддалеченост и секое тежел околу 1,8 килограми.
Г-ѓа Глиц рекла дека почнала да доживува болка во грбот и од страна и верувала дека проблемот е камен во бубрегот.
„Болеше толку многу што можев само да одам во кревет и да плачам. Болешее да се движам, па дури и кога дишев, отидов во болница да направам операција и да ги отстранам“, се сеќава Данет Глиц.
Кога дала урина за тестирање, резултатите покажале дека е бремена.


„Тие направија ултразвук и ми рекоа дека сум во блажена состојба со близнаци затоа што слушнале две отчукувања на срцето. Болката што ја чувствував всушност беше контракција, па докторот ме провери и виде дека сум отворена четири сантиметри“, вели Данет.
Таа била пренесена во друга болница каде имала царски рез и сите биле воодушевени кога откриле дека има трето дете! Таа добила две девојчиња и едно момче.
„Никогаш не почувствував движење, ниту пак имав гадење“, вели Данет која е сè уште во шок.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …