(ФОТО) УКРАИНА: Тунел на љубов и воени тајни: Каде води популарната пруга?

Тунелот на љубовта во источна Украина во близина на градот Клеван е дел од железничката пруга што води кон Оржив. Тунелот е долг околу три километри, а железничката пруга е наменета за товарен воз на патот до фабриката за преработка на дрво.


Тунелот, на кој многумина му ласкаат дека е најромантичното место на планетата, е омиленото место на паровите кои доаѓаат да ја тестираат својата љубов, поради што машиновозачот мора посебно да се концентрира за да избегне несреќи.
Според легендата, само на вистински вљубените ќе им биде исполнета желбата што ќе ја посакуваат додека шертаат по пругата држејќи се за раце. Без оглед на љубовта, одењето под живописно зелената аркада се памети цел живот, и изгледа прекрасно на фотографиите.

Тунелот настанал така што возот ги формирал гранките секој пат кога се движел до фабриката, околу четири пати на ден, но зад романтичната приказна лежи воена тајна.
„Првиот дел од патеката изгледа како било кој друг, но малку подалеку дрвјата се погусто засадени за да се скрие просторот зад него од несакани погледи“, вели локалниот новинар, Ала Садовник, истакнувајќи дека трасата играла важна улога за време на Студената војна.

Тој напоменува дека за време на параноидната советска ера, биле засадени дрвја за да се скрие воената опрема и оружјето. Тунел се разгранува во близина на фабриката, а еден крак на железничката пруга води до воена база во шумата каде наводно се случувале секакви тајни операции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …