(ФОТО) Турскиот заводник се оженил со 20. години помлада: Пристигнува и’ синче!

Глумецот и младата манекенка се венчале на мала, приватна, церемонија, а парот наскоро ќе добие син кого, наводно, одлучиле да го наречат Кузеј…
„Во потрага сум по нови возбудувања и уживања. Можеби поради тоа сакам да имам семејство. Не знам како е тоа. Не знам дали е добро, лошо, проблематично или прекрасно“ рекол во една пригода глумецот Озџан Дениз (45) познат по главните улоги во тв сериите „Црна ружа“, „Судбина“ и
најновата „Истамбулска невеста“.
Озџан се оженил со својата свршеница, манекенката Фејза Актан (25), пишуваат турските медиуми. Наводно, двојката се венчала на приватна, мала, церемонија на 8. март, на Денот на жените,а големата прослава ќе ја имаат на крајот на летото кога глумецот ќе го заврши снимањето на
серијата „Истамбулска невеста“ кое е во тек. Фејза на свадбата носела бел елегантен фустан бидејќи не сакала раскошна венчаница.


„Сама го избрав својот живот. Фала што избра да бидеш дел од него“ напишала манекенката на социјалната мрежа покрај фотографијата од венчавката.
Сопругата на Озџан е во осми месец на бременост и двојката, според пишувањето на турските медиуми, одлучила синот да го нарече Кузеј.

Новопечените сопружници сега не планираат да одат на меден месец туку го одложиле за периодот кога ќе им се роди синот. Озџан е еден од најплатените и најпопуларни турски актери, а наводно за секоја епизода на „Истамбулска невеста“ добива по 30.000 евра.

A post shared by Özcan Deniz (@ozcandeniz) on

Двојката е во врска една година и сакале да се венчаат во ноември минатата година, но Озџен добил воспалување на плуќата па морале да одложат. Поради болеста накусо морал да го прекине и’ снимањето на серијата.Глумецот од својата деветта година се бави и со музика и до сега објавил
11. албуми.
Првта „сапуница“ која ја снимил била „Беше еднаш во Отоманското царство“, а се ширеле гласини дека сака мажи, но дека поради кариерата тоа мора да го крие, иако веќе бил во брак со глумицата Хандан Дениз.
„Тоа се празни приказни. Освен тоа, станува збор за чувствителна тема која е како медал со две страни. Би требало да оговорам а да не ја навредам геј заедницата, а при тоа да не влетам во мачо приказни. Еве да ги задоволм сите, можам само да кажам дека не сум хомосексуалец“ објаснил Дениз. Тогаш истакнал дека не е премногу среќен во љубовта и дека одлучил повеќе да не биде во врска во која не верува дека е трае.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …