Реалната ѕвезда Кајли Џенер пред шест недели ја родила ќерката, а судејќи според написите во светските таблоиди, на најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер улогата на мајка и здодеала.
Наводно, тоа не ги изненадило нејзините сестри кои не очекувале дека, поради своите години, оваа 20. годишна девојка ќе се снајде во улогата на мајка.
Прво се пишувало дека Кајли на својата ќерла не сака да и ги менува пелените,а според последните написи не сака со неа да го минува времето.
Неименуван извор тврди дека Кајли ја користела секоја можност да оди на пат и девојчето да го остави со дадилките и тетките.
Иако, од славното семејство, досега никој не се осврнал на овие гласини, други таблоиди ја пренесуваат другата страна на приказната, за тоа дека Кајли цело време се грижи за своето бебе.