(ФОТО) Тринаесетгодишно девојче принудиле да се омажи за 48-годишен, а тој вели: „Среќен сум што ја најдов“

Тринаесетгодишно девојче на болна свадбена церемонија на Филипините принудиле да се омажи за 48-годишен маж.
Свадбата се одржала во градот Мамасапано. Вознемирувачките фотографии се доказ за ужасна практика која дозволува девојчињата под принуда да стапуваат во брак. На една од шокантните слики се гледа како маж бакнува дете во образ.
Девојчето-невеста станала петта сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била извршена според исламските обичаи.
За срамната венчавка, Ампатуан рекол: „Среќен сум што ја најдов и ги поминувам деновите со неа грижејќи се за моите деца“. Тој планира со својата петта сопруга да има деца кога таа ќе наполни 20 години.

This image has an empty alt attribute; its file name is devojce-svadba-1.png
Тој додал дека ќе ја испрати на училиште за да биде подготвена да стане мајка.
Во некои делови на Филипините, особено во регионот Минданао со мнозинско муслиманско население, на малолетните девојчиња им е дозволено да се венчаат веднаш штом ќе добијат менструација.
Податоците на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) покажуваат дека земјата досега ја имала 12-ти најголем број на невести девојчиња во светот, 726.000.
Лондонската група „Девојчињата не се невести“ објавил дека ваквите бракови ги нарушуваат правата на девојчињата на здравје, образование и други животни можности.
Извор и фото: mirror.co.uk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …