Меган Маркл и принцот Хари објавија семејна фотографија на која за прв пат ја покажаа својата ќерка Лилибет Дијана која се роди во јуни оваа година.
Фотографијата на Меган, Хари, Арчи и Лилибет предизвика општо воодушевување на социјалните мрежи, но сепак многумина забележале еден контроверзен детаљ.
View this post on Instagram
Косата на малиот Арчи.
Илјадници обожаватели на одбегнатата кралска двојка се воодушевени од бојата на косата на момчето, но некои забележале дека бојата на косата на момчето е потполно иста како бојата на косата на принцот Хари на фотографијата, што сметаат дека е невозможно без фотошоп.
– Ја фотошопирале косата, ја смениле бојата и додале коса и на малиот и на неговиот ќелав татко. Уживајте, ова е тежок фотошоп, овој малечок до неодамна имаше кафена коса. Го фотошопираа детето, можно ли е – ова се само дел од коментарите на Твитер.
Многумина на Твитер ја споделуваат и фотографијата на Арчи, која Меган и ја покажа на Елен пред неколку недели. На сликата косата на момчето не изгледа како на божиќната семејна фотографија.
Многумина го забележаа и неверојатно долгиот палец на Меган Маркл, што очигледно е грешка во Фотошоп.
Фото: Принтскрин/Instagram