(ВИДЕО) Златниот ретривер го забележал чистачот на прозорци и направил нешто што ги стопило срцата на сите

Видеото кое го прикажува моментот кога златниот ретривер се спријателил со чистач на прозорци стана вирално на интернет и достигна 33,4 милиони прегледи.
Видеото, споделено на неговиот профил на TikTok од корисник по име Pawbrey, покажува голем златен ретривер кој стои во дневната соба на станот додека чистач, прицврстен со јаже, се спушта низ прозорецот однадвор.
Кога кучето го видело неочекуваниот гостин, брзо ја зграпчило својата играчка и истрчало до прозорецот со намера на новиот пријател да му подари гумена риба.

@pawbrey


Answer cranky_crab

♬ original sound – PawbreyDrakeGraham


Човекот вредно го чистел стаклото и ја гребел нечистотијата, додека кученцето возбудено гледало, лаело и мавтало со опашката, а луѓето во ТикТок не го криеја задоволството од глетката.
„Кучињата се навистина најдобри. Изгледа тој му вели: Еј, дали ќе играме и ќе се дружиме?”, напишал еден коментатор.
„Можеби и тој сака да научи како да чисти прозорци?“, се пошегувал друг.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …