Пејачката Тони Бракстон открила дека е подготвена за лето и нејзините фанови не можат да веруваат како на 52. години изгледа во бикини.
“Викенд за Денот на сеќавање. Плажите се отворени, а телото ми е подготвено … Но, јас сум премногу исплашена да одам. Сè уште е ковид-19. Останете безбедни”, напиша 52-годишната седумкратна добитнчка на Греми со фотографија во црн костум за капење.
Многумина од нејзините повеќе од 3,3 милиони следбеници биле полни со комплименти за нејзината фигура. “Засекогаш ќе имаш 25. години! Дали е тоа вашиот план?”, е само една од реакциите.
Минатиот месец, пејачката за „Билборд“ рекла дека е важно да се искористи дополнителното слободно време за позитивни промени. „Сега може да биде добро време за карантин на вашето срце, како и да се испита што навистина му треба“.