Кристофер Нолан не прави мали филмови, а судејќи според новиот трејлер, така ќе биде и со претстојниот трилер „Тенет“, првиот филм што го сними од 2017. година и воениот спектакл „Данкирк“.
Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон се главните sвезди на СФ трилерот кој се занимава, меѓу другото, и со самото време, по што на многумина најверојатно ќе им треба објаснување.
Новиот трејлер премиерно беше прикажан во мега-популарната игра Fortnite, а она што се учи од тоа е дека, според еден лик, „тие се обидуваат да ја спречат Третата светска војна“.
“Вооружен со само еден збор – Тенет – се бори за опстанок на целиот свет. Протагонистот патува низ светот на самракот на меѓународната шпионажа на мисија што ќе се одвива во нешто над реално време”, се наведува во синописот на филмот. Како тоа изгледа можете да видите во видеото подолу.
Премиерата на Тенет е закажана за 17 јули.