Има профил на Инстаграм…Објавува приватни фотографии…Покажува како го минува слободното време…
Не, не е познат глумец или пејач туку австрискиот претседател Александер ван дер Белен.
Меѓу неговите последни објави е онаа како користи јавен превоз, во овој случај метро, за да стаса на работа…
„Ги гледам белешките од говорот на пат до следниот состанок“ – напишал под фотографијата
претседателот на Австрија.
Фотографијата е направена во метро.
Често оди на долги прошетки во природа и се труди да живее максимално здраво…
или одговара на телефон за хуманитарни цели…
но и од средбата со Арнмолд Шварценегер…
Фото:Инстаграм