(ФОТО) ТОА ГО МОЖАТ САМО КИНЕЗИТЕ: За 5. ден завршена болница со 1.500 соби

Властите во кинескиот град Нангонг за само пет дена ја завршија изградбата на болница со 1.500 соби, откако се појави нов кластер на луѓе заразени со вирусот корона, пренесува „Раша тудеј“.
Овој голем изолационен центар е изграден врз темелите на фабрика надвор од градот во североисточната провинција Хебеи.
Други 5.000 соби ќе бидат завршени следната недела.


Секоја соба ќе биде со големина од 18. квадратни метри, со кревет, електричен грејач, мијалник и тоалет. Ќе се обезбеди и безжичен интернет.



Изградбата започнала на 10 јануари откако се појавил нов кластер на заразени.
Изолационен центар со 3.000 соби се гради во градот Шиџијажуанг во провинцијата Хебеи.
Досега се регистрирани 643 случаи на локално пренесување на вирусот во оваа покраина, како и два увезени, пренесе агенцијата Синхуа.

Фото: Twitter.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …