(ВИДЕО) Со „БМВ“ возел 280 км на час, а потоа во неговата лента влегла „Мазда“

Она од што многу возачи стравуваат, му се случи на возач на БМВ.
Возењето по автопат е најудобна форма на возење, но крие и опасности. Поголеми брзини, дури и малку невнимание може да заврши фатално. Една таква ситуација е кога побавно возило одеднаш ќе влезе во вашата лента. На пример, возите 130 км на час по левата лента, а потоа дедото во Талија почнува да го престигнува камионот со 90 км на час. Воопшто не е пријатно, нели?
Сега замислете да возите 280 км на час. Секако, на германскиот автобан каде што нема ограничувања на брзината.
Ова е токму она што се случи со возачот на BMW M4 (видео, приближно 0:48 мин.) И додека возеше по автопатот, далеку побавната Mazda 3 влетала во неговата лента, престигнувајќи Ford со 140 км на час. Почнал да кочи, а судејќи според епилогот, работата ја заврши на време.


Овој пат нема да обвиниме никого, туку само уште еднаш ќе потенцираме дека никогаш не е доволно да бидете претпазливи.

Фото: Скриншот/youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …