(ФОТО) Тијана на Инстаграм лобира за својата сестра и Македонија: „Вечерва можеме и мораме сите да гласаме за бројот 8!“

Врската помеѓу Тијана и тамара не може да се опише, но сигурно ја знаат сите сестри на светот…Така неколку часа пред финалето Тијана не издржа а да не испрати јасна порака до сите за вечершното финале на евровизија…
Тамара Тодевска вечерва ќе ја претставува Македонија во финалето на Евровизија која годинава се случува во Тел Авив, Израел.

Македонија настапува под редниот број 8, а Тамара ќе ја изведе песната „Proud“.


По повод вечерашниот настап се огласи и Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил и даде целосна поддршка на Тамара.

„Се уште сум под впечатоци и сум најгорда сестра на свет. Вечерва можеме и мораме сите да гласаме за бројот 8, за повторно да издоминираме, те сакам Тамарааааа“, и порача Тијана.


По ова веднаш следел коментар на Тамара и во нејзин стил и порачала „Аххх ,многу те сакам и многу ми фалиш“.

Овој коментар само уште еднаш покажува колку тие две се блиски и поврзани…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …