(ВИДЕО+ФОТО) Антониа Гиговска со песната „Полско цвеќе“ го расплакала жирито во „Пинкови ѕвездички – Аll stars”:Сите се сетиле на Тоше – „Бидејќи него го немаме те имаме тебе!“

Антониа веднаш ја воодушевила публиката, но и стручното жири, па своите столчиња Кија, Милан,Гоца, леонтина и Наташа веднаш ги подигнале. Своите емоции не можеле да ги скријат а најмногу плачела Гоца Тржан.


За вчерашното претсетавување во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички – Аll stars”, нашата претставничка Антониа Гиговска ја одбра песната од Тоше Проески „Полско цвеќе”.



И овојпат, осумнаестгодишната скопјанка ја воодушеви публиката, но и стручното жири. Емоциите не можеа да ги скријат сите, а Гоца Тржан дури и заплaка за време на настапот на Антониа.


„Тоше во јануари оваа година ќе наполнеше 38 години …. Би бил во најдобрите години и би пеел најдобро! Бидејќи него го нема, те имаме тебе …“, рекла Гоца Тржан која повторно заплака.


„Би сакала оваа песна да му ја посветам на Тоше Проески, затоа што сум сигурна дека нè гледа од горе! Toj e мој идол“, рекла Антониа после настапот.

Антониа веднаш ја воодушевила публиката, но и стручното жири, па своите столчиња Кија, Милан,Гоца, леонтина и Наташа веднаш ги подигнале. Своите емоции не можеле да ги скријат а најмногу плачела Гоца Тржан.

„Вака изгледа настап кој е толку емотивен што првпат ми сзе случи да ми се наежи стомакот. Вака изгледа достоинствен настап. Толку емоции пренесе на нас што јас сум уште парализирана. Се беше достоинствено. Ти си победничка на оваа вечер, само напред“, рекла Наташа Беквалац.
Во видеото погледнете како сето тоа изгледало:

Младата пејачка, која во моментот е во Тел Авив како придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“, ја имаше главната женска улога во мјузиклот за Тоше, „Тајно моја“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …