ЈП „Комунална хигиена“- Скопје со еко-работилници за најмладите учествува на шестиот Скопски цветен фестивал

Под мотото „Скопје цвета“, денеска во Градскиот парк беше отворен Скопскиот цветен фестивал. Шеста година по ред, оваа манифестација ги собира љубителите на природата и цвеќето, со цел подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина.   


Во програмата на фестивалот учествува и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, преку организирање еко-работилници и забавни игри за најмладите посетители. Стотици дечиња имаа можност да научат нешто повеќе за селектирањето и рециклирањето на отпадот, а ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се погрижи сите да добијат и по една едукативна сликовница ,,Забавно рециклирање“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …