(ВИДЕО) Секогаш успешни во предвидувањата – Се огласи Би-Би-Си: Еве како ја опиша песната „Proud“ и изведбата на Тамара – комплименти од фановите за македонската балада!

Би-Би-Си на својот профил на Твитер направи обемна анализа на сите песни учеснички а директно „ProufПроуд“ ја прогласи за најубава балада на изборот…
Вечерва во Тел Авив се одржува финалето на Евровизија 2019 каде свое учество во финалето по 7. години пауза обезбеди и Македонија и претставничката Тамара Тодевска.

Пејачката ќе настапи со песната „Proud“ под реден број 8, а настанот почнува во 21 часот.
И додека Македонија прва влезе во финалето, фановите на ова шоу предвидуваат незапаметен успех на нашата земја досега.


Таков успех очигледно според коментарот на официјалнот Твитер акаунт предвидува и светската телевизија Би-Би-Си.


Па така телевизијата на својот Твитер покрај коментарите за сите учесници имаше уникатен за нашата земја и претставничка што многумина охрабрува да се надеваат на незаборавен успех вечерва.

„Северна Македонија: Голема Балканска БАЛАДА!“, стои во коментарот на познатиот коментатор на Евровизија Грахам Нортон, по настапот на Тамара во втората полуфинална вечер во четвртокот.


Медиумот со ова алудираше дека Македонија вечерва е на добар пат за успех на Евровизија!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …