(ФОТО) Тешко е да се биде пејачка: Неда Украден не може да тагува по мајка и!

Пред многу години во музичките кругови во бивша угославија се прошири анегдота за популараната пејачка Беба Селимовиќ.Таа останала вдовица и поради жалост по сопругот ги откажала настапите,. Но, после неколку дена и пришла свекрва и и’ и рекла:„Не седи и тагувај туку оди да пееш. Имаш деца за гледање, а со седење дома нема да го вратиш тој што заминал…“
Познатата пејачка Неда Украден (67) неодамна се соочи со трагедија во семејството, а по смртта на нејзината мајка јавно проговори за тоа како таа навистина се чувствува.
Таа иако многу тешко ја поднела загубата на нејзината мајка нема право да тагува.
„Не ми беше до пеење, но знаете како ние сме луѓе кои работат на јавна сцена и немаме право да тагуваме како и сите останати. Концертите се закажани, може да се откаже еден од нив, но не 17. Мојата мајка беше горда на својата ќерка бидејќи е позната пејачка, ова што сум денес е благодарение на неа“, вели пејачката.
Таа вели и дека многу и недостига нејзината мајка особено на нејзините концерти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …