(ФОТО) Еве зошто Кејт Мидлтон само седум часа по породувањето застана на штикли, дотерана и нашминкана

Причината поради која што Кејт ја напушти болницата толку рано е тоа што кралското семејство привлекува големо внимание и јавноста со нетрпение го чека покажувањето на новото бебе…

Откако се породи војвотката Кејт Мидлтон на сите прво што им падна на памет е тоа како таа за само седум часа собра сили да излезе од болницата и да се фотографира со бебето.
Имено британската кралска традиција налага секое новороденче да биде покажано на јавноста неколку часа по породувањето, а така беше и со претходните деца на Кејт и Вилијам, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Но иако за многумина чудно, во Британија никој не беше зачуден од фактот дека принцезата само неколку часа по породувањето излезе од болница, застана на нозе и замина дома.
Во Америка мајките кои се породуваат остануваат во болница два дена по што добиваат отпусна листа. Истовремено во Британија мајките остануваат во болница само еден ден, што е најкратко задржување од било која земја во светот.
Втората причина поради која што Кејт ја напушти болницата толку рано е тоа што кралското семејство привлекува големо внимание и јавноста со нетрпение го чека покажувањето на новото бебе.
Истовремено поради тоа што Кејт ја напушти толку рано болницата, таа има целосен тим на лекари кој е подготвен да дојде во секое време доколку нешто и затреба на принцезата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …