(ФОТО) Театар Комедија стартува со премиерата на „Дони Дарк“ и пристап за лица со хендикеп

Романтичната комедија „Дони Дарк“ од Леонард Герш во режија на Роберт Ристов е прва премиера на Театар Комедија во новата театарска сезона.
Романтичната комедија „Дони Дарк“ од Леонард Герш во режија на Роберт Ристов е прва премиера на Театар Комедија во новата театарска сезона. Ќе биде изведена вечерва од 20 часот пред седумдесет гледачи на малата сцена која е нов сценски простор во овој театар.
Претставата е магистерски труд по режија на Ристов и раскажува за млад човек со дисфункција на сетилото за вид и процесот во кој тој се осамостојува од семејството и проблемите кои притоа ги надминува. Текстот за претставата, со оригинален наслов „Пеперутките се слободни“, е на американскиот автор Леонард Герш, напишан во 1969. година.
„Претставата говори за потребата за негова социјализација и моментот кога е веќе зрел и сака да се осамостои. Тука е неговата мајка, која смета дека го заштитува својот син, но истовремено му прави контрауслуга со нејзината посесивност. Претставата има многу комични елементи, но има и елементи кои болат, ќе ве замислат и ќе ви предизвикаат солзи. Таа не е типична комедија, јас би рекол сетилна комедија зашто изобилува со сите тие емотивни состојби“ истакнува Ристов.
Насловниот лик ќе го игра Даријан Петров, студент на трета година на Универзитетот ЕСРА. Тој истакна дека улогата е комплексна за подготовка и неколку месеци работеле напорно.
„Се трудам очите да ги фиксирам во една точка, што заморува, а е и на штета на колегите зашто немаме контакт со очи, а таа актерска енергија е многу битна. Поради тоа, глумата е затворена само во мене, и тоа многу истрошува“ вели Петров, кој за гестовите на ликот се консултирал и со слепо лице.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …