Лореин Паскал е британска готвачка која има издадено повеќе готвачи, но има и свои емисии на каналот 24kitchen.
Потребно е:
350 г. брашно од спелта, или интегрално пченкарно
50 г. ’ржано брашно
50 г. брашно од хељда
1 лажичка иситнет рузмарин
1 лажичка морска сол
1 лажичка провансалски зачини, мешавина
1 кесичка прашок за печиво
1 лажица маслиново масло
250 мл. млака вода
6-8 сушени домати
Подготовка: во оригиналниот рецепт Лореин Паскал користи рузмарин и маслинки, можете да го подготвите и така, но како што вели можни се и други полнења, по желба.
Во сад за месење исејте го брашното со печивото и солта за да рамномерно се распоредат. Додајте рузмарин и провансалски зачини како и маслиново масло а потоа и млака вода. Смесата изматете ја со дрвена лажица, а кога ќе се формира тесто префрлете го на работна површина наросена со брашно.
Тестото не треба долго да се меси, само колку да се формира. Тестото
истенчете го и на средина додајте сушени домати, краевите на тестото префрлете ги на средина и формирајте топка, малку размесете и обликувајте. Потоа со дрвена лажица тестото поделете го на осум дела.
Тестото ставете го на тава покриена со хартија за печење, малку наросена со
брашно. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30. минути. По потреба намалете ја температурата и продолжете го печењето.
Откако лебот ќе биде испечен, префрлете го на кујнска крпа, убаво завиткајте и оставете да не се излади.