Принцот Хари и Меган Маркле првпат видени заедно во јавност


Среќни, вљубени и модно ускладени прошетале држејќи се за раце…
Откако започнаа гласините за нивната врска јавноста со нетрпение очекуваше да ги види заедно.
А сега, тоа конечно и’ се случи. Принцот Хари и глумицата Меган Маркле прв пат како пар се појавиле во Торонто каде се одржуваат Invictus Games, спортски игри за повредените воени ветерани, манифестација која ја покренал токму Хари.
При доаѓањето на игрите се држеле за раце,а потоа заедно седеле во првиот ред и уживале во спортските настани.
Меган и Хари за овој настан се облекле доста лежерно, а изгледале и модно ускладени. Двојката во Торонто ќе ја мине цела недела, колку што траат игрите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …