(ФОТО) Тамара критикувана за „дрес кодот“ кај претседателот Стево Пендаровски – Што не личи – Е, не личи: И’ Вардарци беа посоодветно облечени од неа!

Сакале ние или не кога се оди на официјална посета посебно кај првите луѓе во државата, ги сакале и почитувале ние нив или не – си има ред кој се нарекува „дрес код“ кон кој мора да се придружуваме. Односно, има едно непишано правило за културно облекување…или култура на облекување…
Колку и да било жешко, Тамара можела да се преслече за официјалното сликање со претседателот Пендаровски а не со маичката на прерамки и очилата за сонце „на гради“ да се претстави како најуспешна македонска претставничка на Евровизија…
 

Талентот никој не може да ѝ го земе, но би требало некој да поработи на манирите, доброто однесување и општествените протоколи. Успехот на „Горда“ покажа дека имаме пејачка со која можеме и треба да се гордемее, но имаме и Тамара, која треба да поработи на манирите кога веќе цели високо во општествениот живот.

По евровизискиот успех Тамара и нејзиниот тим беа на прием кај премиерот во Владата. Се појави облечена во комплет со дезен кој за модните експерти е тренд, но за останатите – скапи пижами. Впрочем, и во модниот свет овие пижами се – пижами за дотерување. Тамара ги беше искомбинирала со бежови салонки и дискретен накит. Но, барем беше облечена.
Вчера, пак, Тамара му била гостинка на претседателот на Република Македонија, или Северна Македонија, во неговиот претседателски дом – Вилата Водно. Домаќинот костумосан, гостинската во маичка по прерамки, со очилата заглавени меѓу градите. Како да вртела скара на некој лединка на Водно, па на поминување свратила.

Непристојно и некултурно е да застанеш покрај претседател на држава, во неговата резиденција, во маичка на прерамки со очилата заглавени меѓу градите. Па, Пендаровски не ја пречека во влечки и пењоар, а дома е човекот. Некој требаше да ѝ каже на Тамара дека е непристојно, а некој друг, пак да не ѝ дозволи да влезе во вилата така облечена.
Со изборот на облеката се искажува почит кон институцијата, а тоа сигурно не значи обезличување на личноста, во случајов уметникот. Тамара многупати досега била и убаво и пристојно облечена па поради тоа и изненади со изборот на оваа комбинација комбинација за посета на претседателот на државата.

Впрочем, и ракометарите на „Вардар“ беа кај претседателот Пендаровски но не во дресови и спортски гаќички туку во костуми.
Ред, едноставно мора да има!
Извор: република.мк
Фото: Кабинет на ПРМ, Влада на РМ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …