(ВИДЕО) За три дена го гледале 30 милиони луѓе: Овој филм го урна рекордот на „Netflix“

Најновиот филм на Адам Сендлер „Murder Mystery“ го урна рекордот на „Netflix“ кога станува збор за бројот на луѓето кои го изгледале, јавува „Independent“.
Сендлер, кој пред две години го потпишал својот втор четиригодишен договор со „Netflix“, се здружил со Џенифер Анистон во комедија, за парот од Њујорк кој се наоѓа во сплетката за мистеријата околу смртта на стариот милијардер во текот на патувањето по Египет.

Иако критичарите веќе долго време не го фалат Сендлер, публиката очигледно го обожува, особено публиката на „Netflix“. Според пишувањата на „Variety“ во само три дена филмот на „Netflix“ го погледнале речиси 30.9. милиони корисници. Досега рекордот го држеше “Bright“ си Вил Смит кој во првите три дена го погледнале 11. милиони луѓе.

Според предвидувањата на „Netflix“, „Murder Mystery“ би можел да го надмине и филмоvite „Bird Box“ кој во првиот месец го погледнале околу 80. милиони луѓе, „Triple Frontier“ со 52. милиони и „The Highwaymen“ кој во рок од 30. дена привлекол 40. милиони гледачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …