(ФОТО) ТАГА – Млад глумец го поставил последниот статус на Фејсбук: „Кажано ми е дека НЕМА ОПЦИИ а ова е мој начин да се „ЗБОГУВАМ“!

Младиот 33. годишен глумец од Велика Британија, Мајкл Слегс, на Фејсбук поставил проштален статус бидејќи веќе долго се бори со болеста, а сега лекарите му рекле дека му нема спас и дека е прашање на ден кога ќе умре…


Gepostet von Michael Christian Sleggs am Mittwoch, 28. März 2018

„Здраво пријатели. Како што многумина од вас сигурно веќе знаат, последните месеци многу време минав во болница. Овој, последен пат, кажано ми е дека повеќе нема опции и испратен сум дома на палиативна нега за да макар остатокот од животот го минам дома. Не ми е даден никаков рок, но многу бргу дојде до влошување на состојбата. Многу спијам и пред некој ден едвај одбегнав кома со случајно предозирање со морфиум“, напишал Мајкл.


„Како и да е, како што и сами претпоставувате, секако дека не се надевав на вакво сценарио и моето семејство минува низ многу тежок и тажен период. Би сакал само да порачам дека го сакам секого кој во овој момент го чита мојот статус, сите сте неверојатни, љубезни и грижливи и секој од вас ме допрел на некој начин. Жал ми е ако мојот статус е премногу патетичен, секој има право да се прости на начинот на кој тој го сака, па истрпете ме. Ако се прашувате зошто не звучам преплашено…Во почетокот бев, но како и секогаш во време на криза се свртев кон Бог и својата христијанска вера. Секојдневно ја читав Библијата и тоа ми го промени начинот на размислувањето“, порачал тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …