(ВИДЕО+ФОТО) МАСАКР ВО ВИРЏИНИЈА – 12 мртви: Незадоволен работник влетал во зградата на општината и почнал да пука по колегите!

Најмалку 12. лица се убиени, а четворица се ранети кога напаѓачот, незадоволен работник на градската комунална служба,. пукал на се пред него во зградата на општината во Вирџинија Бич  (САД) пред да биде погоден од полицијата.
Полицијата соопштила дека напаѓачот бил воодушен со пиштол со калибар 45 мм со пригушувач, и дека повеќе пати за време на пукањето ја дополнувал муницијата.


Првата жртва била погодена во возило пред зградата, а напаѓачот потоа влегол во зградата и неселективно пукал на сите, пренесува Ројтерс.

Напаѓачот потоа долго разменувал огин со четири полицајци во зградата кои го спречиле да направи „поголем масакр“, соопштила полицијата.

За време на интервенцијата бил ранет еден полицаец, но животот му го спасил панцирот.
Власите велат дека полицијата на крај го убила напаѓачот.

Екран.мк/Јутјуб

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Младиот чорбаџија“ – Едукативна претстава за најмалите

Во понеделник, 13 мај 2024 година во 18:00 часот, во малата сала на НУЦК Трајко …