(ФОТО) ТАА БЕШЕ НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ – Андријана Будимир со тврдење: Лилјана Петровиќ ми го уништи животот

„Никогаш не ги сфатив нејзините посесивни реакции. На промоцијата од албумот кога се појавив реагираше дека сè сум упропастила со своето доаѓање. А еднаш кога му се јавив, таа одговори на неговиот телефон и ми рече дека не смееме повеќе да сме заедно. Му реков дека ако тој сака, ќе се повлечам и ќе ја прекинеме врската. Но, Тоше не можеше да се реши. Само ми рече дека станала неподнослива“, се сеќава Андријана и додава дека откако по смртта на Тоше слушнала за тврдењата на Лилјана дека никогаш не биле во врска, решила да ја тужи само за да ја докаже вистината.


„Таа жена ми го уништи животот. Ја тужев за да докажам дека лаже, а не за да добијам пари“.

Андријана го доби судскиот спор откако приложи над 200 смс пораки кои ги размениле со Тоше. Пријателите на Тоше знаеа дека менаџерката им прави проблеми во врска – на секој можен начин, но добрината и попустливоста на Проески придонесуваа Лилјана Петровиќ да ги диктира односите па и да ги прекинува нивните средби.


Познато е дека Андријана била кај него пред да тргне за Загреб, тоа кобно утро, но морале да се разделат затоа што Петровиќ решила да патуваат ноќе иако во Хрватска го очекувале дури во доцното попладне наредниот ден, за кога имал закажано тв снимање кај Зухра, а дури наредниот ден снимање на песна.


По долги години тага, неаповторно ѝ се насмевна среќата. Денес е среќно омажена со угостителот Јохан, со кого го имаат синот Максим.
По обидот со козметички салон, таа му се врати на спортот и денес успешно води школа за млади ракометари во Скопје, а пред неколку месеци стана и првата жена-тренер на машката репрезентација на Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …