Австралијанец кој убил петгодишно девојче, а потоа го силувал, тивко е пуштен од психијатриска болница.Австралијанец кој убил петгодишно девојче, а потоа го силувал, тивко е пуштено од психијатриска болница.
Тим Косовиц ја убил Клои Хосон кога таа дошла во неговиот караван во Сиднеј да си поигра со неговата мачка во 2003, година. Потоа ја силувал, а телото го ставил во торба и го однел до брегот на реката, каде го фрлил. Косовиц го признал злосторството, но избегнал затворска казна откако двајца доктори го прогласиле за психички болен.
Последните 15. години ги поминал во одделот за судска психијатрија на болницата „Морисе“. Но, минатиот месец, Косовиц беше ослободен, а причините и кој го ослободил не се обелоденети, објави Њукасл Њуз.
Пред неговото ослободување, на Косовиц му било дозволено да ја напушти болницата на еднодневни излети за да го види неговото семејство, но тој секогаш се враќал во установата.
Движењето на Косовиц ќе продолжи да се следи внимателно и ќе подлежи на случајни проверки во Регистарот за заштита на децата. Но, тој ќе живее на тајна приватна локација каде локалните жители веројатно нема да бидат свесни за неговото злосторство.