(ФОТО) ТАА БЕШЕ НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ – Андријана Будимир со тврдење: Лилјана Петровиќ ми го уништи животот

Андријана го доби судскиот спор откако приложи над 200 смс пораки кои ги размениле со Тоше…
Иако приватниот живот на Тоше Проески беше таен, сепак не поминуваше незабележано. И покрај тоа што го поврзуваа со многу девојки, неговите пријатели тврдат дека имал само една голема љубов, ракометарката Андријана Будимир, со која беше во долгогодишна врска со прекини.
Тие ја започнаа врската во 2001. година, а по три години прекинаа. Повторно се зближија во 2007. година, кога почнаа да живеат заедно, до неговата трагична смрт на 16.тти октомври.


„Тоше често ми носеше бели рози, моето омилено цвеќе, а јас му ги носев на неговиот гроб, додека не ми забрани лекарот да одам. Секој пат кога ќе отидев во Крушево завршував во болница“, раскажуваше пред неколку години Будимир, која по трагичната судбина на Тоше не сакала долго да се откаже од носењето црнина, видно ослабна и се повлече од јавниот живот.
Според нивни блиски пријатели Тоше сакал да ја побара за жена, но во тоа се вмешала неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, советувајќи го дека ќе е лошо за неговата кариера.


Будимир открила дека Лилјана кон неа се однесувала крајно непријатно и била многу посесивна кон Проески. Таа особено го памети моментот кога се појавила на промоцијата на негов албум, на што менаџерката бурно реагирала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …