(АУДИО) Новата песна „Светулка божја“ на Тања Кочовска посветена на Тоше

Вчера се навршија 12. години од прераното заминување на Тоше Проески, а тимот со кој работеше, композиторот кој го поплочи неговиот пат кон ѕвездите, Кире Костов, најдоа нов начин да му одадат почест.
„Светулка божја“ е најновото дело на композиторот Роберто Панчевски. Песната е изведена од Тања Кочовска и е посветена на еден од најдобрите македонски изведувачи – Тоше Проески. Текстот е напишан од професор Миодраг Врчаковски, а аранжманот е на Кире Костов. Ова е балада со прекрасен текст, а тимот зад неа му оддаде чест на Тоше на најдобриот можен начин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …