Отворен 17. Меѓународен салон на стрип, Велес 2019

Стрип центарот на Македонија синоќа во ликовниот салон во Велес го отвори 17 Меѓународен салон на стрип –„Велес 2019″ на кој на  24 паноа се претставени 30 автори. Изложени се и дела од Втората меѓународна стрип колонија која во Велес се одржа од 21 до 25 август на која учествуваа 16 автори од Финска, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и од нашата земја.
Ване Трајков претседателoт на СЦМ-Велес, информираше дека годинава на меѓународниот стрип конкурс пристигнале 175 стрип дела од цел свет. Тој појасни дека ќе биле и повеќе да не била објавена веста дека годинава поради финансиски средства нема да се додели првата наградата Гран при вредна 200 евра, бидејќи подржувачите на манифестацијата Министерството за култура и Општина Велес ги намалиле средствата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …