Турската актерка Мерјем Узерли позирала за турското издание на Vogue. Популарната Султанија Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“ направила неколку фотогарфии за турски Вог, на кои изгледа феноменално.
View this post on Instagram
Во оваа прилика турската мегаѕвезда престојувала во Херцег Нови, поточно во комплексот „Портонови“. Инаку популарната Хурем е барана за фотосесии во многу модни каталози.
Учествувала во бројни реклами, бројни модни каталози, рекламирајќи бројни модни брендови и парфеми.
View this post on Instagram
Да потсетиме, убавата актерка го освои светот со улогата на султанијата Хурем во мегапопуларната серија „Сулејман Величествениот“. За улогата во серијата „Сулејман Величествениот“ доби бројни награди, меѓу кои и наградата Златна пеперутка. Работела како модел за водечките списанија како Elle, Marie Claire и InStyle.
Мерјем еднаш за улогата на султанијата Хурем рекла:
– Улогата на Хурем ме исцрпи. Живеев за тој лик три години и бев целосно изгубена. Стануваше се’ потешко и потешко. Не можев повеќе да ја играм бидејќи беше силна жена, а јас станував се послаба – изјавила тогаш таа.
Фото: Архива