Пејачот починал 7. дена пред неговиот 41. роденден
Шкотскиот пејач Дариус Кембел, кој на јавноста и стана познат по учеството на натпреварот „Поп идол“, починал на 41-годишна возраст, објавија шкотските медиуми.
Според извештаите, музичарот бил пронајден во неговиот стан, а причината за смртта се уште не е позната.
Devastating news about Darius Campbell Danesh.
Of course, our Bernie worked with him on #PopstarToOperastar and he was such a kind person, who will be missed by everyone.
Sending thoughts, prayers & condolences to his loved ones at this time ❤️ pic.twitter.com/1VB2bnQF4W
— The Nolans (@The_Nolans) August 16, 2022
– Со голема тага соопштуваме дека Дариус Кембел Данеш почина. Дариус беше пронајден мртов во својот кревет во Рочестер. Тој беше прогласен за мртов на 11. август. Локалната полиција потврди дека нема знаци на самоубиство или сомнителни околности. Причината за неговата ненадејна смрт се уште не е позната, а анализата продолжува. Бараме љубезно да ги почитувате нашите желби за приватност во овој момент додека се справуваме со трагичната загуба на нашиот син и брат“, се вели во соопштението на семејството, како што пренесува NME.
There will only ever be one Darius Campbell Danesh.
A true gent with a kind soul & mischievous tinkle in his eye. From that eventful first audition on Popstars to him kindly inviting me to see him perform on the West End stage
Thoughts are with his family at this sad time pic.twitter.com/HaIlEUM11l
— Nicki Chapman (@Nicki_Chapman) August 16, 2022
Тој се појави и во „Guys And Dolls“, „Gone With The Wind“, „Funny Girl“ и „From Here To Eternity“. Живееше во Америка и беше во врска со канадската актерка Наташа Хенстриџ. Тие се венчале во 2011. година на ранч во Санта Барбара, Калифорнија, а потоа се разделиле.
Според неговите пријатели, Дариус бил многу возбуден поради враќањето во Велика Британија и натпреварот „Поп идол“, кој ќе се снимал на Вест Енд.
Фото: Принтскрин/Twitter