(ВИДЕО) Најдобриот роденденски подарок, момчето не можело да ги запре солзите…

Додека растат, повеќето деца фантазираат да имаат домашно милениче, но родителите се тие кои повеќе размислуваат за обврските кои доаѓаат со него.
Момчето по име Адам уште од својата тригодишна возраст ги молел родителите за куче. Кога процениле дека тој е одговорен и доволно зрел за таква грижа, решиле да му го овозможат барањето.

@cincygirl513 #newpuppy #puppy #boyandhisdog #birthdaypuppy #suprise #suprisepuppy #boymom ♬ Emotional Piano for the Soul (Inspirational Background Music) – Fearless Motivation Instrumentals


Мајката на Адам, Сара Гримпо, на TikTok ја споделила емотивната реакција на нејзиниот син на најслаткото изненадување.
Таа го снимила својот син како отвора роденденски подарок во кој имало играчки за кучиња.
„Навистина? Играчки за кучиња? Извини пријателе, изгледа и тебе ќе ти треба куче“, му вели мајка му во видеото, а потоа тато Тим му приоѓа со мало куче во раце.
„Желбата му се исполни“, стои на крајот од видеото кое собра над 42. милиони прегледи.
„И јас плачам“, „Ова е навистина најдобриот роденденски подарок“, коментирале некои откако го погледнале видеото.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …