(ВИДЕО) Дали е ова иднината? Податоците од таблата со инструменти ќе бидат проектирани на патот

Форд би го отстранил главниот дисплеј, па возачот нема да мора да го приспособува својот вид на различни растојанија бидејќи информациите би биле поприродно позиционирани на патот пред него.
„Европското одделение на Ford тестира нова технологија за фарови што може да го замени head-up дисплејот со проектирање корисни информации на патот пред возачот. Ова му помага на возачот да го задржи погледот на патот, зголемувајќи ја безбедноста“, велат од Форд.
За многу возачи, head-up дисплејот и проекцијата на информациите за возење на шофершајбната е непријатност. Ford верува дека проектирањето на истите информации на патот пред возачот е многу побезбедно.
Возачот не би морал да го прилагодува својот вид на различни растојанија бидејќи информациите би биле поприродно позиционирани на патот пред него. Видеото на Ford покажува технологија која проектира информации како ограничувања на брзината, навигација или сообраќајни знаци пред возачот.


Нема ограничување на можностите на оваа технологија. Форд споменува и апликации за забава, но не е сосема јасно како тоа се вклопува во концептот за побезбедно возење.
Пред оваа технологија да влезе во производство, треба да се решат уште многу контроверзни ситуации. На пример, како ќе функционира проектирањето слики на патот во сообраќаен метеж.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Corning® Gorilla® Armor 2 поставува нов стандард за издржливост, истовремено обезбедувајќи супериорна јасност на мобилниот …