(ФОТО) СРЕЌЕН И ВЉУБЕН – Иако изгледаат како татко и ќерка него тоа не го загрижува: Глумецот гордо шета со 34. години помладата девојка!

Славниот актер го продолжил трендот на своите колеги
Легендарниот актер и продуцент заврши во болница во април, откако беше откриено дека е заразен со коронавирус, но денес Мел Гибсон покажува дека добро се опоравил. Со своата долгогодишна помлада партнерка, тој бил виден на омилено место за собирање на богатите и славните.
Папараците го фатиле Мел Гибсон на релаксирана прошетка низ Малибу, кое со години е собирно место за богатите и славните.
65-годишникот им покажал на сите колку добро се опоравил откако на крајот од април му беше дијагностициран коронавирус, кога помина една недела во болницата, а потоа некое време бил во самоизолација. Ѕвездата на бројни холивудски филмови не се двоумела да покаже колку е приврзан на неговата 34. години помлада партнерка Розалинд Рос.


Двојката е заедно веќе шест години, а во 2017 година го добија синот, Ларс. Тоа е деветто дете на Гибсон, а прво на Розалинд. Тенката бринета, како и нејзиниот избраник, избрале многу опуштен стајлинг за опуштен ден покрај морето. Таа носела лесни црни панталони во форма на тренерки и широка маица.
Партнерите се совпаднале и со капите на главите. Иако тој никогаш не зборувал за својата нова љубов и големата разлика во години помеѓу нив, Гибсон еднаш ги замолкна сите со реченицата: „Никој не одлучува за себе кога ќе се заљуби и кој ќе влезе во неговиот живот“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Тања Царовска

Тања Царовска е родена на 19 март 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …