(ФОТО) Смрт во семејството на Меган Маркл: Жали што последен пат не му рекла дека го сака!

Чичкото на Меган Маркл, Мајк Маркл почина по долго и тешко боледување. Во изјава за „The Sun,“, неименуван извор тврди дека 82-годишникот починал по борбата со Паркинсоновата болест. Истите медиуми објавиле дека Мајк никогаш не се сретнал со принцот Хари и се надевал дека ќе има можност, но рекол дека е многу горд на Меган.


View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


-Секогаш би застанал пред да каже дека е горд на неа, иако не се согласуваше често со тоа како таа се соочува со одредени работи. Тој би рекол дека целото семејство е гордо на неа, а исто така беше горд и затоа што беше во семејството што го доби принцот, вели изворот и продолжува:
-Мајк беше убав, нежен, прекрасен старец. Тој секогаш беше среќен кога го прашуваа за Меган, но кога и да разговараше со некого, најмногу сакаше да зборува за неговата покојна сопруга – толку многу ја сакаше, рекол тој. По смртта на неговата сопруга, тој се преселил во приколка и живеел многу скромно.


Инаку Мајк прв и помогнал на Меган да најде работа. Тој го искористил своето влијание за да и обезбеди престижна пракса во Амбасадата на САД во Аргентина кога таа имала 20 години и додека сè уште размислувала за кариера во меѓународните односи. Во последниве години, сепак, чичкото на војвотката од Сасекс ја нарекол „примадона“.

Според изворот, Меган била многу погодена од смртта на Мајк и не можела да прежали што не го посетила за последен пат и го гушнала.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …